Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Рио Фердинанд: Бензема испрати порака додека ние се фокусиравме на Мбапе

Објавено

на

Пресвртот и големата победа на Реал Мадрид во дуелот со ПСЖ донесе заслужени комплименти за Карим Бензема, кој реализираше хет-трик и на тој начин го испрати својот тим во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Искусниот Французин ги засени ѕвездите на ПСЖ и повторно потсети дека е еден од најдобрите фудбалери на својата позиција.

Англиската фудбалска легенда Рио Фердинанд во својот коментар за „Би-Ти Спорт“ на наједноставен начин го опиша ефектот на Бензема.

– Ситe зборувавме само за Килијан Мбапе, најопасниот напаѓач на денешницата, но во вториот дел Бензема излезе на теренот и ни порача  – Не, не, не, не сум готов се уште и испорача хет-трик.

– Според мене, Бензема е најкомплетната „деветка“ во светот, ја врши работата беспрекорно во секој сегмент од играта, – изјавил Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни