Поврзете се со нас

Македонија

„Рибари“ најавија спектакл пред езерското дерби: Со пловни објекти во Струга

Објавено

на

Навивачката група која ги поддржува охридските спортски клубови, „Рибари“, најави вистински спектакл за натпреварот во кој ГФК Охрид Лихнидос ќе се сретне со тимот на Караорман.

Езерското дерби од Втората македонска фудбалска лига ќе привлече големо внимание покрај Охридското езеро, а популарните Рибари истото ќе го зачинат со нов момент.

Имено, навивачката група најави дека во поход на Струга ќе тргнат со пловни објекти, нешто што досега не е случено на навивачката сцена во Македонија.

Инаку, натпреварот на стадионот во Струга нема да има некое големо значење, освен битка за углед, со оглед на фактот што и двете екипи немаат шанси за пласман во најелитното македонско фудбалско натпреварување, а се и далеку од зоната за испаѓање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни