Поврзете се со нас

Репрезентација

РФМ ја потврди премијата за ракометарите и најави спектакуларен проштален меч за легендите

Објавено

на

Редовната седница на Управниот одбор на РФМ донесе многу интересени точки, а прва беше одобрувањето на ветената премија за пласман на Светското првенство, нешто што нашите ракометари го остварија во неделата.

Македонската репрезентација победи во извонредна атмосфера во „Борис Трајковси“ над Чешка и го завери пласманот на ракометниот мундијал, достигнување поради кое најсилната селекција, односно играчите ќе поделат премија од 50 илјади евра.

Претседателот Живко Мукаетов и сите членови на Управниот одбор едногласно ја потврдија исплата на ветената премија за големото достигнување, но исто така, беше најавено дека легендарните играчи кои најавија повлекување од репрезентацијата, ќе бидат испратени со ракометен спектакл и проштален меч.

Тоа со сигурност ќе бидат Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов, а се очекува дел од прошталниот меч да биде и Кирил Лазаров кој засега ја одложи одлуката за повлекување и пензионирање.

– Сакам да се заблагодарам и да изразам задоволство за она што го направивме во изминатите два месеци. Сметам дека се издигнавме по еден тежок период и остваривме многу важен резултат со пласманот на Светско првенство. Нашиот народ е емотивен и многу значеше тоа што игравме пред полна сала, ја почувствувавме цела поддршка од нацијата. Огромно е задоволството да се гледа како нашите ракометари со такво достоинство се борат за националниот дрес, тие се пример за секој поединец во оваа земја.

– Што се однесува до играчите кои со години беа столбови, сакам да испратам огрона благодарност до Миркуловски и Столов. Заедно со Лазаров заслужуваат величествено испраќање и околу тоа планираме посериозна организација. Сакаме вистински да им се заблагодариме со проштален меч пред полна сала, онака како што заслужуваат. Тие беа модел за тоа како треба да изгледа секој репрезентативец, – изјави Живко Мукаетов, кој исто така истакна дека ќе остане на чело на Федерацијата, иако претходно размислуваше да се повлече.

Мукаетов се премисли и донесе важна одлука: Политиката треба да се држи подалеку од спортот!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни