Поврзете се со нас

Шпанија

Резервистот Винисиус Жуниор донесе тешка победа за Реал (ВИДЕО)

Објавено

на

Актуелниот шпански шампион Реал Мадрид ја оствари втората победа во третиот првенствен натпревар во Ла Лига.

Избраниците на Зинедин Зидан важеа за апсолутен фаворит на вечерашниот меч против Валјадолид, но мораа добро да се испотат за да дојдат до минимално славје од 1-0. Првите 45 минути не донесоа возбудувања, ама тоа се промени во продолжението во кое како домаќините, така и гостите имаа свои шанси да го отворат резултат.

Клучниот момент вреден три бода за „кралевите“ се случи во 65 минута кога топката некако успеа да стигне до резервистот Винисис Жуниор кој пак истата ја смести во мрежата на Хименез.

Реал сега има седум бода, во следната рунда се соочува со Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди, средба која се игра во Валенсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни