Поврзете се со нас

Евролига

Реал славеше во шпанската пресметка, ЦСКА не дозволи изненадување во Москва (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Реал Мадрид влегоа во победнички ритам во Евролигата, а најнова нивна жртва беше нивниот конкурент од шпанскиот шампионат составот на Басконија кој беше поразен со 89-74.

Ова беше дуел во кој домаќиниот по две четвртини се избори за предност од 15 разлика (50-35), предност која во третиот период продолжи да расте по што стана јасно кој ќе излезе како победник во оваа битка.

Тимската игра ги водеше „кралевите“ до триумф, шест играчи беа двоцифрени од кои прв беше Јабуселе со 17 кошеви.

Во Москва пак ЦСКА не дозволи изненадување и триумфираше над Асвел со 90-83. Хекет беше расположен за игра и уфрли 27 поени, Швед додаде 17, а Григонис застана на 16 кошеви.

Кај поразените за кого ова беше десетти неуспех во 18 натпревар Најт и Окобо искомбинираа 31 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни