Поврзете се со нас

Италија

Реал Мадрид следи фудбалер на Аталанта

Објавено

на

Сезонава Аталанта повторно се бори за место во Лигата на шампионите, а одредени повреди и заминувања од тимот отворија соодветен простор за едно интересно засилување.

Се работи за Расмус Хојлунд, данскиот интернационалец кој поседува сериозен потенцијал и кој уште во првиот дел од сезоната покажа дека ќе биде големо засилување за составот од Бергамо.

Според шпанските медиуми, Хојлунд ги заинтересирал и скаутите на Реал Мадрид, кои внимателно ги следат неговите настапи, па шпанскиот великан ќе биде во игра за негов следен трансфер.

Аталанта му плати дури 17 милиони евра на Штурм за 19-годишниот Данец, иако тој одигра само полусезона во австрискиот клуб.

Претходно настапувал за ФК Копенхаген, а веќе забележа два настапа и за националниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни