Шпанија
Реал Мадрид ќе понуди четири играчи на Манчестер Јунајтед во намера да го добие потписот на Пол Погба
И покрај финансиската криза која завладеа со светот, од Реал Мадрид не планираат лесно да се откажат од намерата да го ангажираат Пол Погба од Манчестер Јунајтед.
Бидејќи нема да може да ги исполнат финансиските барања на „ѓаволите“, од Реал Мадрид подготвиле дури четворица фудбалери кои би ги пратиле на „Олд Трафорд“ во замена за францускиот репрезентативец.
„Сан“ пишува дека Реал Мадрид ќе ги вклучи во понудата Хамес Родригез, Мартин Одегард, Лукас Васкез и Брахим Дијаз во замена за фудбалерот кој оваа сезона не се изнаигра во редовите на Манчестер Јунајтед.
27 годишниот Погба одигра само два натпревари за клубот од „Олд Трафорд“ од септември па навака, а последниот настап за „ѓаволите“ го има на Боксинг деј.
Сепак, Оле Гунар Солскјер не планира да влегува во никакви преговори за негова продажба додека не го види Погба како ќе функционира во средината на теренот со јануарското засилување, Бруно Фернандеш.
Французинот конечно ги надмина проблемите со повредите, па сега се очекува кога сезоната ќе продолжи веднаш да биде во комбинација со Фернандеш во средината на теренот. Доколку овој пар функционира, од Манчестер Јунајтед ќе сторат се да го задржат Погба во своите редови.
-
Англијапред 17 часа
Де Брујне го постигна првиот гол со глава, Сити убедлив на „Амекс“ (ВИДЕО)
-
Светпред 22 часа
Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата: Ова е голема чест за мене…(ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Бокшиќ со трансфер предлог до „старата дама“: Јувентус треба да го доведе играчот кој е бакнат од Бог
-
Англијапред 19 часа
Слот за можноста да седне на клупата на Ливерпул: Мојата одлука е јасна…
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола за иднината на Кансело: За тоа ќе разговараме…
-
НБАпред 9 часа
Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија
-
АТПпред 21 час
Надал загуби само еден гејм и закажа битка со Де Минор во Мадрид (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 17 часа
Барселона со пеколно второ полувреме го разби ПСЖ, Веспрем во последната секунда го матираше Алборг (ВИДЕО)