Лига на шампиони
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)

Реал Мадрид е најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите со 14 освоени титули, односно е далеку пред сите останати со оглед на тоа што второпласираниот во ова натпреварување Милан има 7 пехари.
Меѓутоа дали „кралевите“ би имале ваков успех ако од почетоците на ова елитното натпреварување (1955 година-долги години го носеше името (Купот на шампионите на Европа или Европски куп), па се до денес е употребувана ВАР технологија. ВАР системот е активен во ЛШ од нокаут фазата од сезоната 2018-19, односно од употребата на истиот имаме четири различни шампион Ливерпул, Баерн Минхен, Челси и Реал.
Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) се обиде да даде одговор како би биле распоредени титулите, поточно истите би ги освоиле клубовите од 1955 до денеска ако ВАР технологијата би била активна од самиот почетоци.
Според овој избор ситуацијата би била далеку поразлична и великанот од Мадрид би бил најголеми губитник и наместо 14 би освоил само 5 европски трофеи. Најтрофејниот клуб во Европа би бил Милан со осум шампионски пехари, Барселона би добила две нови и би имала седум, а Ливерпул и Баерн би останале на по шест.
Ама ова е се е „што би било, ако ни било“, па останува само статистика, вест за дебата меѓу љубителите на фудбалот.
-
АТПпред 23 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 23 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Англијапред 24 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 22 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Италијапред 8 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)