Поврзете се со нас

АБА лига

Разиграниот МЗТ Скопје го растури Борац во Златибор

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје на победнички начин со убедливо славје над Борац Бања Лука од 99-75 го заврши настапот на првиот турнир во АБА2 лигата што се одржува во Златибор.

Македонскиот претставник му одржа лекција на противникот кого го надигра во сите четири четвртини со тоа што избраниците на Кочов особено беа импресивни во првите 20 минути кои ги реализираа со 57-37. Со оглед на ситуацијата на шанса за настап добија сите играчи кај „металците“, а најдобри беа Бојиќ со 26 поени и 6 скока, Олуџоби со 22 поени и 6 скока и Гравет со 19 кошеви, 2 скока и 3 асистенции.

Кога е во прашање листата на стрелци кај Борац истата ја предводеше Танасковиќ со 23 поени на кои додаде 12 скокови.

МЗТ Скопје овој „балон“ го заврши со три победи и еден пораз оној на самиот старт од Подгорица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни