Поврзете се со нас

Евролига

Разиграниот Миротиќ донесе победа за Барселона, Олимпијакос го врати брејкот против Монако (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона повтори води во плејоф пресметката против Баерн Минхен, а за тоа најзаслужен е Никола Миротиќ.

Повремениот шпански репрезентативец блескаше во Минхен и со 25 поени, 6 скока и 3 асистенции и овозможи на својата екипа да слави со 75-66 и да преземе контрола во оваа серија која се игра до три добиени.

Барса сега води со 2-1 што значи дека веќе во петок може да обезбеди билет за фајналфорот во Белград, а во случај да тоа не го направи ќе има уште една шанса во мајсторката која ќе ја игра во „Палау Блауграна“.

Олимпијакос како гостин славеше над Монако со 87-83 и на тој начин го врати брејкот во оваа битка. Слукас и Везенков со вкупно 38 кошеви беа во прв план кај победникот, додека кај домаините прво име беше Бејкон со 23 поени.

Грчкиот тим е на една победа до завршниот турнир, првата меч топка ќе ја има на 29 април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни