Поврзете се со нас

Германија

Раул испрати емотивна порака по испаѓањето на Шалке од Бундеслигата (Фото)

Објавено

на

Катастрофалната сезона на Шалке 04 резултираше со прво испаѓање на тимот од германската фудбалска елита по пауза од точно 30 години, а ваквиот расплет на настаните ни донесе и вистинска драма во Гелзенкирхен каде утрово имало и бркотници пред базата на клубот.

Најрадикалните фанови на Шалке 04 ги нападнале ѕвездите на првиот тим и дел од членовите на стручниот штаб по враќањето од Билефелд, поради што клубот мораше да реагира со официјално соопштение, во кое пренесе дека полицијата веќе има започнато истрага кон пронаоѓа на напаѓачите кои ги бркаа фудбалерите во обид да ги линчуваат.

Објавеното видео стана вирално на социјалните мрежи и само говори каква тензија владее меѓу навивачите на клубот, кој реално гледано, сосема заслужено ќе се натпреварува во понизок ранг по сезоната за заборав.

Шалке оствари само две победи на 30 одиграни натпервари во досегашниот тек на Бундеслигата, па на четири кола пред крајот, и математички испадна од фудбалкото елитно друштво. Оваа вест секако го разочара и легендарниот Раул Гонзалес, кој преку Инстаграм порача дека неговото срце секогаш ќе биде обоено во сино и бело, без оглед во која конкуренција се натпреварува тимот.

– Tе сакам. Сино бел цел живот, – гласи кратката и емотивна порака на Раул по испаѓањето на Шалке.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Raúl González (@raulgonzalez)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни