Поврзете се со нас

Формула 1

Расел за Ф1 драмата во Абу Даби и победата на Ферстапен: Ова е неприфатливо!

Објавено

на

Џорџ Расел не успеа да ја заврши последната Формула 1 трка како возач на Вилијамс, а нејзиниот финиш го оцени како „неприфатлив“.

Британецот беше во улога на гледач на финишот во кој Макс Ферстапен успеа да го претрка Луис Хамилтон и ја освои својата прва Ф1 титула.

Идниот возач на Мерцедес беше и единствен колега на Ферстапен кој застана на страната на Хамилтон и Тото Волф.

– Ова е неприфатливо.

– Макс е фантастичен возач кој имаше неверојатна сезона и имам големо почитување за него, но она што се случи е неприфатливо. Не можам да поверувам во тоа што го видов, – твитна Расел веднаш по трката.

Иронично, токму клупскиот колега на Расел, Николас Латифи овозможи пресврт на трката со своето излетување во финишот, по што на патеката влезе безбедносното возило, а Ферстапен и Ред Бул направија вистински чекор со менување на пневматиците.

Стјуардите не ги прифатија жалбите на Мерцедес за трката во Абу Даби, но Тото Волф и неговите соработници најавија жалби на повисока инстанца.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни