Италија
Ранокија изведе несекојдневна стоперска акробација и спречи шок за Интер: Ќе останам се додека ми дозволуваат (Видео)

Андреа Ранокија ретко добива шанса во последните неколку сезони како член на Интер, но поради верноста и љубовта кон клубот, тој е еден од милениците на фановите и таа посебна врска продолжи и вчера на „Џузепе Меаца“.
Интер беше пред шокантна елиминација во Купот од Емполи и имаше негатива од 1:2 до 91-та минута, кога навистина необично атрактивен гол за негови стандарди постигна Ранокија.
Искусниот стопер вчера ја носеше и капитенската лента против Емполи и се претвори во херој за пласманот во четвртфиналето, бидејќи неговата акробација за 2:2 му овозможи на Интер да победи со 3:2 во дополнителните 30 минути игра.
– Многу сум среќен што се пласиравме во следната рунда, што останавме живо во натпреварувањето. Постигнатиот гол ме прави уште посреќен.
– Се обидувам секогаш да бидам подготвен кога ќе бидам повикан за настап, ова е тимска работа и имаме навистина солидна група. Треба да се докажуваме на секој натпревар со нашите настапи на теренот. Горд сум што сум дел од овој тим. Ќе останам тука се додека ми го дозволат тоа, горд сум што сум дел од Интер, – порача Ранокија.
-
Македонијапред 17 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 23 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 6 часа
Интер не се откажува од Перишиќ: Ќе ја донесеме најдобрата одлука, сакаме да остане со нас
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 6 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)