Поврзете се со нас

Англија

Рангник: Тешко е да се прифати овој резултат

Објавено

на

Манчестер Јунајтед продолжува со променливите резултати во Премиер лигата кои на крајот може скапо да ги чини во борбата за местата кои водат во Лигата на шмпионите.

Клубот од „Олд Трафорд“ денеска освои само бод во пресметката против Вотфорд, дуел кој едноставно мораше да го добие со оглед на доминацијата во својот дом.

Домаќините пропуштија неколку прилики и на крајот мораа да се задоволат само со резулат 0-0 кој во моментов најмногу му одговара на петтопласираниот Арсенал кој е само на минус два, ама има и три натпревари помалку во однос на ривалот од Манчестер.

-Направивме се освен да постигнеме гол. Тешко е да се прифати овој резултат. Фрустрирачки е кога пропушташ многу можности. Го контролиравме темпото на цел натпревар, не дозволивме да не загрозат, но моравме да бидеме попрецизни на крајот. Тешко е да се создадат повеќе можности на вакви натпревари од она што го направивме. Тоа е навистина фрустрирачко попладне, -порача менаџерот Ралф Рангник.

-Создадовме доволно шанси за победа на овој натпревар. Немавме среќа со ударот на Роналдо, но имаше моменти кои немаат врска со среќа туку со прецизнос, -дополни Германецот.

Јунајтед во следното коло му гостува на актуелниот шампион и лидер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни