Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометните надежи ремизираа со Украина на стартот на ЕХФ шампионатот во Варна

Објавено

на

Младинската репрезентација на Македонија ремизираше со Украина (23-23) во првиот меч на ЕХФ шампионатот во Варна, Бугарија.

Оваа средба беше тесна и неизвесна, двете селекции имаа свои добри и лоши минути, па на крајот мораа да се задоволат со по бод на стартот на овој турнир. Украинците водеа со 10-9 на полувреме, во вториот дел успеаа да дојдат и до плус пет, но избраниците на Бранко Ангеловски одговорија и дури направивме пресврт за да сепак по 60 минути резултатот биде израмнет што можеби е и најреално во оваа битка.

Најдобар стрелец во нашите редови беше Шулески со шест гола, а по пет постигнаа Тодески и Иваноски.

Утре од 18 часот се соочуваме со селекцијата на Косово.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни