Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракип: Голема чест е што ќе настапувам за Македонија, оваа репрезентација ќе напредува секоја година

Објавено

на

Македонската сениорска репрезентација доби ново засилување и тоа е Ердал Ракип кој одлучи во иднина да настапува за нашата држава.

Фудбалерот на Малме во минатото настапуваше за сите младински категории на Шведска, но потоа не доби шанса во А тимот, а тоа ние го искористивме и успеавме да го привлечеме да го облече македонскиот дрес со оглед на тоа што семејството има потекло од овие простори.

Ракип е задоволен како е прифатен во новата средина, новите соиграчи, селекторот Благоја Милевски и сака со добри партии да се оддолжи на теренот.

Прв пат пред неколку години Благоја Милевски ми понуди да играм за Македонија. Во тој период ми требаше време да размислам. За мене е голема чест што добив понуда да играм за репрезентацијата на Македонија и донесов одлука дека сега е вистинскиот момент да прифатам. Разговаравме со моето семејство и среќен сум што ќе играм во дресот на македонската репрезентација. Македонија е домот за моето семејство и одлуката сега воопшто не беше тешка, -вели Ердал и додава:

Селекторот и соиграчите ми помагаат во адаптацијата на новата репрезентативна средина. Разговараме и се обидуваме да се запознаеме подобро. Малку ми беше тешко првиот ден, но веќе е поинаку. Ги гледав последните натпревари на македонската репрезентација.Оваа селекција игра добар фудбал, во тимот има многу млади фудбалери кои формираат одлична екипа. Јас имам 25 години, сметам дека веќе сум во зрели фудбалски години и мислам дека во следните неколку години ќе напредуваме. Се обидувам да се вклопам во тимот, но без наметнување, туку улогата да си дојде сама по себе. Оваа репрезентација ќе напредува секоја наредна година. Ништо не доаѓа веднаш. Тимот е млад и желен за докажување, -истакнува играчот за врска кој е максимално фокусиран за мечот со Лихтенштајн.

Секој натпревар е тежок. Треба да издвојуваме победа против Лихтенштајн, а потоа не очекува многу тежок меч на домашен терен против Германија. Во фудбалот секогаш има шанса за победа, но треба да се одигра максимално во текот на сите 90. минути. Но, да оставиме времето да покаже, сега сме фокусирани на мечот со Лихтенштајн. Чекор по чекор и секогаш да се стремиме кон победи, -заврши Ракип.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни