Поврзете се со нас

Македонија

Работнички се засили со фудбалер од Уганда

Објавено

на

Фото: www.fkrabotnicki.com

Македонскиот прволигаш Работнички денеска претстави уште едно засилување, поточно интернационалецот од Уганда, Шафик Кагиму.

Се работи за 24-годишен играч за врска кој досега настапувал во кенискиот клуб Гор Најроби, а стручниот штаб очекува да донесе дополнителен квалитет и конкуренција во средниот ред на „романтичарите“.

Кагиму досега имал интернационално искуство само во Кенија, што значи дека Работнички ќе биде прва европска авантура за овој фудбалер.

Новото засилување на Работнички досега има 18 настапи за репрезентацијата на Уганда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни