Поврзете се со нас

Македонија

Работнички го доби скопското дерби, Струга се спасуваше од пораз против Брегалница

Објавено

на

Работнички и Вардар го одиграа скопското дерби на Арената „Тодор Проески“, а на крајот поуспешни беа „романтичарите“ кои победија со 2:0, со два гола постигнати во второто полувреме.

Тодоровски во 74. минута му го нанесе првиот удар на градскиот ривал, а Мазари во самиот финиш ги постави конечните 2:0 за важна победа на екипата предводена од Горан Станиќ.

Со денешната победа, Работнички го остави зад себе Вардар на табелата и има два бода повеќе од црвено-црните.

Струга одигра само 2:2 на дуелот со Брегалница, на натпревар на кој гостите од Штип направија пресврт со головите на Стојчевски и Селмани, но на крајот Ибраими од пенал го потврди ремито. Со овој резултат, Брегалница и го препушти последното место на Македонија Ѓорче Петров, додека Струга загуби дел од предноста во однос на Шкупи и Шкендија.

Шкендија денеска беше убедлива и славеше против Силекс со 6:1, па сега заостанувањето зад лидерот е само три бода.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни