Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ победи, но Галтие испрати предупредување до своите фудбалери

Објавено

на

ПСЖ успеа да ја победи Троја во вчерашниот дуел од француското првенство, зацврстувајќи ја својата позиција на табелата, но Кристоф Галтие има сериозна замерка за екипата.

Актуелниот шампион славеше со 4:3, а тренерот се фокусирал на главниот приоритет – Лигата на шампионите и фактот дека ПСЖ не смее да си дозволи да прима толку голови во Европа.

– Примивме три гола, тоа не смее да ни се случува.

– Оваа недела постигнавме 11 гола, но примивме 5, трите вечерашни погодоци се половина од тоа што досега го дозволивме.

– Мора да работиме на овој сегмент, затоа што тешко ќе победиме натпревар во Лигата на шампионите со три примени погодоци, – изјавил Галтие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни