Поврзете се со нас

Германија

ПСЖ го врати талентираниот Симонс, па експресно го испрати во друг клуб (ФОТО)

Објавено

на

Холандскиот репрезентативец, Чави Симонс имаше фантастична сезона во дресот на ПСВ Ајндховен, сезона со која го привлече вниманието на доста клубови, но Пари Сен Жермен ја имаше првата опција и го врати во своите редови.

Меѓутоа конкуренцијата е преголема во таборот на „светците“, па тие експресно се ослбодија од него и го испратија на едногодишена позајмица во РБ Лајпциг каде ќе го носи дресот со бројот 20.

-Бундеслигата е една од најдобрите лиги во Европа, а РБ Лајпциг е еден од најдобрите тимови во Бундес лигата. Доаѓањето во Лајпциг е вистинскиот чекор за мене бидејќи РБЛ постојано покажува како ги развива младите играчи и како се успешни со нив.

-Се приклучувам на клуб кој редовно игра во Лигата на шампионите. Тимот има совршена комбинација од многу млади и искусни играчи, а целиот клуб е гладен за успех. Веднаш бев импресиониран од стилот на игра на РБ Лајпциг и силно верувам дека моите квалитети ќе бидат добри за овој тим, заедно можеме многу да постигнеме. Едвај чекам да играм со новите соиграчи и да ја стартувам новата сезона. Лајпциг – Едвај чекам, -порача Симонс кој во минатата сезона имаше учинок од 22 голови и 12 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни