Поврзете се со нас

Свет

Прво реми за Вецлар и Миркуловски, црна серија за Хановер на Кузмановски

Објавено

на

Екипата на Хановер за која настапува нашиот репрезентативец Филип Кузмановски продолжи да бележи лоши резултати на стартот на новата сезона во Бундеслигата.

Филип и компанија го претрпеа четвртиот пораз во петтиот натпревар, трет во низа и тоа на гостувањето кај Балинген со 28-26. Домашниот состав создаде предност од три гола по првите 30 минути (16-13), предност која успеа да ја сочува во преостанатиот дел и да се израдува на нови два бода.

Кузмановски беше автор на два гола од шест обиди, а забележа и една асистенција.

Вецлар на Филип Миркуловски одигра без победник против Гепинген (28-28), популарниот Жути немаше учинок на оваа средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни