Поврзете се со нас

Лига Европа

Прво европско финале по 1980 година: Навивачите на Ајнтрахт влетаа на теренот по последниот судиски свиреж (ВИДЕО)

Објавено

на

Германскиот прволигаш Ајнтрахт Франкфурт славеше и во вториот полуфинален меч против Вест Хем (1-0), па со вкупни 3-1 обезбеди финале во Лигата на Европа.

Бундеслигашот уште еднаш потврди дека сезонава игра фантастично во ова натпреварувања, а за тие нивни партии, резултати голема заслуга имаат навивачите кои се постојано присутни како на домашните така и на сите гостински средби.

Инаку ова за Ајнтрахт е прв европско финале по 1980 година, а колку истото им значи на навивачите најдобар доказ за тоа е нивната реакција по последниот судиски свиреж.

Ривал на германскиот тим во борбата за трофејот ќе биде Ренџерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни