Поврзете се со нас

Боречки спортови

Промотерот на Фјури откри дека добил уникатна понуда за домаќин на блокбастер борбата со Џошуа

Објавено

на

Промотерот на Тајсон Фјури веќе потврди дека е договорено соочување на неговиот клиент со Ентони Џошуа, но сега сподели и уште еден интересен момент за боксерскиот спектакл кој е најавен за претстојното лето.

Британската битка за комплетирање на сите појаси во тешка категорија ќе предизвика неверојатно голем интерес, а засега преговорите течат во однос на локацијата каде би била организирана борбата.

Еди Хрн вели дека добил повик од многу богата личност, чиј идентитет останува тајност, а која побарала да ја добие организацијата на првиот дуел меѓу Фјури и Џошуа.

– Вчера добив повик кој не беше од Средниот Исток и беше најбизарен досега во мојата кариера.

– Се работи за многу богат човек кој сака да направи нешто специјално, парите не се никаков проблем.

– Не му е важна продажба на билети, финансирање од владата, сака да биде домаќин и да каже јас платив за ова. Можам да кажам само дека е во Азија, не е Макау, но тука некаде, – изјавил Хрн.

Саудиска Арабија останува во потесниот круг бидејќи веќе има организираше еден настап на Џошуа, а се претпоставува дека кралството понудило 200 милиони фунти за да ја добие пресметката Фјури-Џошуа.

Хрн вели дека борбата мора да се одржи во јуни или јули, а победникот ќе ги обедини сите појаси во тешка категорија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни