Поврзете се со нас

НБА

Продолжува „војната“ меѓу Мемфис и Голден Стејт, нова препирка на Брукс и Грин (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.beinsports.com

Мемфис Гризлис и Голден Стејт Вориорс развија ривалство во изминативе сезони, ривалство во кое има голема борба, тензија, препукувања, па со нетрпение се очекува секој нивен меч.

Гризлис се тие кои ја добија последната битка и тоа рано утрово каде го решија актуелниот шампион со 131-110 и покрај тоа што не сметаа на услугите на нивниот најдобар играч Џа Морант. Домаќините имаа пеколна прва четвртина во која постигнаа дури 48 поени (48-28) што воедно беше најава за нивото славје во овој дерби дуел во кој одново имаше нервоза, провокации, а во главна улога беа Дилон Брукс и Дрејмонд Грин.

Двајцата „не се мирисаат“, па во првиот дел дојде до близок контакт, соочување кое на крајот добро мина без посериозен инцидент затоа што се воздржаа од дополнителна акција.

Брукс со 14 поени беше еден од шесте играчи во победничкиот табор кои беа двоцифрени, Кари пак со 29 кошеви беше прв стрелец кај „воините“.

Резултати:
Детроит – Шарлот 103:113
Индијана – Хјустон 134:125 пп
Орландо – Јута 124:131
Мемфис – Голден Стејт 131:110
Милвоки – Бруклин 118:113
Сакраменто – Њујорк 122:117

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни