Поврзете се со нас

Репрезентација

Признание за центарот: Симиќ во најдобрата петорка на шампионатот во Скопје (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Теодор Симиќ се најде во одбрано друштво, најдобрата петорка на турнирот на Европското првенство-Б дивизија што се одржуваше во нашата земја.

Симиќ имаше квалитетни настапи низ текот на ова натпреварување, имаше скоро „дабл-дабл“ во просек, па 16 поени, 9,1 скок и 2,9 асистенции му донесоа место во идеалната петка.

Најефикасната партија му беше против Чешка (23 поени), додека пак според сите показатели во најубаво, најкомплетно светло се покажа против Бугарија кога имаше 21 поен, 8 скока, 3 асистенции и 1 украдена топка.

МВП на ЕП е Ондреј Свец, а покрај него и Тео во петорката на првенството беа сместени уште Ондреј Хустак, Феликс Бростом од Олександр Кобзистји.

foto:www.fiba.basketball/europe/u20b/2023

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни