Поврзете се со нас

Италија

Познати се судиите кои ќе им судат на Милан и Интер во клучните натпревари за Скудетото

Објавено

на

Останува само уште едно коло до крајот на оваа сезона во Серија А, коло кое ќе ни го даде одговорот на најважното прашања-која екипа ќе биде шампион и ќе освои Скудетото за натпреварувачката 2021/2022.

Тоа ќе биде еден од двата гиганти од Милано, Милан или Интер со тоа што „росонерите“ се во пол позиција и имаат два бода бода повеќе и подобар резултат во меѓусебните дуели што значи дека и со реми против Сасуоло можат да го освојат пехарот.

Познати се абитрите кои ќе ја делат правдата на овие клучни средби кои се закажани за в недела од 18 часот.

Сасуоло-Милан ќе ја суди искусниот Даниеле Довери, додека главен на средбата меѓу Интер и Сампдорија на „Џузепе Меаца“ ќе биде Марко Ди Бело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни