Поврзете се со нас

Шпанија

Познат е терминот за првата сезонска пресметка меѓу Реал и Барселона

Објавено

на

И официјално е познат терминот за првата сезонска пресметка меѓу шпанските ривали Реал Мадрид и Барселона во Примера, популарното „Ел Класико“.

„Кралевите“ се домаќини на „Сантијаго Бернабеу“, меч кој ќе се игра во попладневен термин од 16:15 на 16 октомври. Веќе станува пракса првата пресметка меѓу овие два гиганти да се игра во овој или сличен термин за да се покрие азискиот пазар.

До тој меч Барселона има потежок распоред и ќе се соочи со Мајорка, Селта Виго и Интер (2) во Лигата на шампионите, додека пак избраниците на Анчелоти ќе ги одмерат силите со Осасуна, Хетафе и Шахтјор Доњецк (2).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни