Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Поранешниот стопер на Ливерпул го поддржа Салах: Време е за одмазда против Реал (Фото)

Објавено

на

Дејан Ловрен ја освои титулата во Лигата на шампионите и онаа долго очекуваната во Премиер лигата во својот шестгодишен престој на „Енфилд Роуд“, но како поранешен член на тимот, и тој смета дека Ливерпул има нерасчистени сметки со Реал Мадрид.

Хрватскиот стопер кој сега настапува во Русија се јави веднаш откако стана јасно кои два тима ќе играат во големото финале на Стад де Франс на крајот на овој месец, надополнувајќи се на изјавата на Мохамед Салах.

Ловрен беше најдобар пријател на Мо Салах во Ливерпул и беа буквално неразделни, а исто како и Египќанецот, и тој смета дека избраниците на Клоп треба да сервираат фудбалска одмазда за поразот во финалето во 2018-та година.

– Тоа што го посакува Мо, тоа и го добива. Со среќа во финалето Ливерпул. Време е за одмазда, – порача Ловрен.

Салах пред полуфиналниот дуел меѓу Реал и Сити посочи дека ги посакува Шпанците за ривали во големото финале, па Ловрен ја шерна и објавата на Салах во која тој нагласи дека Ливерпул треба да ја подмири сметката со „кралевите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни