Поврзете се со нас

Свет

Поповски одличен во новата победа на Цирих

Објавено

на

Мартин Поповски и Амичитија Цирих продолжија да редат победи во првата лига на Швајцарија, а нивна последна жртва е составот на Базел.

Имено Цирих славеше над Базел со 35-27 и тоа откако одигра на високо ниво во второто полувреме. Првиот дел заврши 15-15 за да во вторите 30 минути со 20-12 го нокаутира противникот и дојде до четвртиот триумф во низа, вкупно седми во десеттиот сезонски натпревар.

Македонскиот интернационалец Поповски одигра одлично и даде четири гола од пет обиди. Најефикасен на дуелот беше поранешниот член на Металург, Александер Шпенде со десет погодоци.

Следниот противник за Мартин и соиграчите во шампионатот е Женава, тим кој е последен на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни