Поврзете се со нас

Шпанија

Помалиот брат на Азар со порака до фановите на Реал: Истово му се случи и во Челси

Објавено

на

Еден Азар е убедливо најголема ѕвезда од четирите браќа Азар кои се професионални фудбалери, но истовремено и пример за преостанатите тројца кои убедливо најдобро го познаваат фудбалерот на Реал Мадрид.

Крилниот фудбалер ја санираше тешката повреда на зглобот и во фантастична форма се врати на тренинзите на тимот, нешто за што говореше и Тибо Куртоа кој нагласи дека е навистина изненаден од темпото кое го наметнува неговиот сонародник по враќањето во ростерот.

Пред паузата која настана во коронавирусот, Еден нагласи дека првата сезона во Реал за него не е успешна, но сега доби неочекувана втора шанса да ги поправи работите, ситуација буди страст кај неговиот брат Килијан Азар кој игра за Серкл Бриж.

– Кога е стопроцентно подготвен, тогаш Еден е од друга планета. Тој би бил најдобар во секој тим. Ако може да ги покаже своите квалитети, сите велат „уау“.

– Едвај чека да се врати на терените, да се вратат натпреварувањата. Ова не е негова последна година во Реал. Исто беше и во Челси, многумина се сомневаа во него по првата сезона, па на крајот се претвори во легенда и еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, – вели Килија за белгиски „Le Derniere Heure“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни