Поврзете се со нас

Свет

Покетино го откри својот фаворит за „Златната топка“: Одговарам со срце…

Објавено

на

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино го сподели своето мислење за тоа кој треба да ја добие Златната топка за оваа календарска година.

Се повеќе и повеќе се говори за оваа тема и за тоа кој би требало да го добие признанието за најдобриот фудбалер, а кога е во прашање Покетино одговорот на тоа прашање е едноставен и неговиот глас оди кај сонародникот Лионел Меси кој во изминатава година стана шампион со Аргентина во Јужна Америка, додека со Барса триумфираше во Копа Дел Реј.

-Без никаков сомнеж Златната топка треба да заврши кај Меси. И да не го тренирав Меси ќе кажев Меси. Одговарам со срце. Секогаш го кажувам она што го чувствувам. На подиумот со него ќе треба да бидат Левандовски и Кристијано, -смета предводникот на „светците“ од Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни