Поврзете се со нас

Англија

Погба со насмевка на лицето ги слушаше навредите од фан на Вест Хем (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед успеа да победи на драматичен начин во дуелот со Вест Хем, а покрај голот во финишот на Џеси Лингард, пресуден момент беше и одбранетиот пенал на Давид де Хеа во судиското надополнување.

Со оваа победа, Јунајтед стигна до 13 бодови и делба на првото место со Челси и Ливерпул

По средбата очекувано гостите задоволни го напуштаа теренот на лондонскиот стадион, а Пол Погба беше цел на навреди од еден од домашните фанови кој се најде блиску до тунелот кој води во соблекувалните.

Французинот реши со насмевка на лицето да ги слуша пцовките и навредите кои му беа упатени од трибината, а првично во тоа не успеа да го спречи ниту Мајкл Карик, кој на крајот успеа да ја прекине конфликтната ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни