Македонија
Почина Александар Стиков-доајенот на македонското спортско новинарство
Македонскиот спорт и македонскиот новинарски свет остана без Александар Стиков кој почина во 76 година од неговиот живот.
Стиков целиот свој работен век го помина во Македонското радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма. Со својот препознатлив глас ги овековечи најважните спортски настани во македонската и југословенската спортска историја, и со преку 2000 преноси е новинарот со најмногу изговорени минути на програмата на македонското радио.
Стиков беше последниот претседател на здружението на спортски новинари на Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет. Беше член на Собранието и Управниот одбор на МОК. Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи го и престижниот Трофеј за спорт и медиуми од Меѓународниот олимписки комитет во 2004.
Како уредник на Спортската програма на Македонското радио создаде плејада новинари и репортери. Во 1969 година ја основа најдолговечната специјализирана спортска програма Спорт, музика, спорт и известуваше од седум Олимпијади и голем број европски и светски првенства.
Погребот на посмртните останки ќе биде во петок (22 септември 2023 година) во 11.00 на градските гробишта Бутел во Скопје (капела во 10.00), а комеморативната седница во понеделник (25 септември 2023 година) во 11.00 во просториите на Македонската радио-телевизија
-
АТПпред 18 часа
Тони Надал: Рафа живее нормален живот, Ѓоковиќ…
-
Германијапред 22 часа
Зидан се огласи и ги разреши сите дилеми околу тренерската позиција во Баерн
-
Светпред 16 часа
Лаутаро за Меси: Тој како да игра друг спорт, прави работи…
-
Англијапред 17 часа
Пораз кој боли: Кристал Палас го понижи Јунајтед на „Селхрст Парк“(ВИДЕО)
-
НБАпред 21 час
Баркли нема дилеми: Тој е најдобриот странец во историјата на НБА лигата
-
Италијапред 20 часа
Аталанта со пресврт до важна победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 8 часа
Шпански новинар се „камуфлираше“ на пресот на Луис Енрике, одговорот кој го даде Лучо стана вирален (Видео)
-
НБАпред 7 часа
Бесниот Мелоун влета на теренот и тргна да се пресметува со судијата, Јокиќ и соиграчите добија кошаркарска лекција од Минесота (Видео)