Поврзете се со нас

Италија

Пирло со коментар за шпекулациите кои го поврзуваат Роналдо со заминување од Торино

Објавено

на

По неколкудневен молк со свое видување на моменталната ситуација во Јувентус се јави и тренерот на клубот, Андреа Пирло.

Медиумите во светот се полни со информации кои го поврзуваат Кристијано Роналдо со заминување од редовите на се уште актуелниот италијански шампион.

Роналдо беше донесен во Јувентус за да му помогне на тимот да ја освои Лигата на шампионите, но по елиминацијата од Порто се разгореа шпекулациите дека тој ќе си оди од клубот, а дека Јувентус е подготвен да го пушти за доста поволна сума.

На ваквите шпекулации свој коментар даде Андреа Пирло кој истакна дека истите биле очекувани по елиминацијата од Лигата на шампионите.

– Нормално е тој да е разорачан поради тоа што се случи, а и останатиот дел од тимот е разочаран. Нормално е и да има шпекулации за неговото заминување. Тој е најважна фигура во фудбалот и секогаш се зборува за него. Но ајде да се потсетиме дека тој секогаш играл добро, постигна околу 90 голови за Јувентус и тука ја демонстрираше својата вредност. Може да се случи да не дадеш гол на натпревар, истото им се случува на сите. Но за него се крева голема врева, -изјави Пирло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни