Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пиоли: Ќе видите еден нов Милан против Челси

Објавено

на

Милан го пречекува Челси во утрешниот меч во Лигата на шампионите, меч на кој домаќините и покрај многуте проблеми со повредени играчи се подготвени да се надигруваат и дојдат до позитивен резултат.

„Росонерите“ ја загубија првата битка со 3-0, но тренерот Стефано Пиоли е убеден и верува дека неговите момците ќе се прикажат во многу подобро издание.

-Фантастично е да се игра пред нашите навивачи, тие ни даваат голема поддршка, тие се дополнително оружје за нас. Сакаме да докажеме дека поразот беше само случајнос, не е нормално. Бевме разочарани од настапот во Лондон. Мораме да учиме од нашите грешки и да бидеме подобри, -рече Пиоли кој најави еден нов, поразличен Милан.

-Подефанзивен пристап? Може, ама не сум сигурен. Зависи од проценката што ја направивме по претходните натпревари. Имам мои идеи, утре ќе покажеме нешто поинакво, -порача тренерот на калчолигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни