Поврзете се со нас

Свет

Пети со неверојатно предвидување каде ќе заврши Мбапе: Лесно може да се случи да потпише за нив

Објавено

на

Поранешниот француски репрезентативец и член на Арсенал и Челси, Емануел Пети даде свое видување на целокупната ситуација околу Килијан Мбапе и неговата иднина.

Младиот Французин не сака да продолжи во дресот на ПСЖ и голема е веројатноста дека веќе следната сезона ќе има нов клуб.

Пети верува дека лесно може да се случи Мбапе да заврши, ни помалку ни повеќе, туку во Њукасл, клуб кој од неодамна е во сопственост на богат саудиски конзорциум.

Сепак, Пети јасно кажа дека според него во моментов Реал Мадрид веројатно е тимот кој на крај ќе го обезбеди неговиот потпис, иако во фудбалот ништо не се знае.

– Се може да се случи. Видовме што се случи со Њукасл, веќе има шпекулации и никогаш не можете да знаете што ќе се случи на крајот на денот, работите многу бргу може да добијат друг тек.

– Многу се поврзува со Реал Мадрид и знам дека кога бил дете сонувал да игра за клубови како нив, затоа што тоа се историски клубови со големи ѕвезди. Можеби е заинтересиран за РЕал Мадрид затоа што е уморен од она што се случува во Франција. Мислам дека понекогаш има чувство дека не може да добие исто признание каок Меси или Нејмар, -изјави Пети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни