Поврзете се со нас

Англија

Пеп направи пет измени во вториот дел, но Сити доживеа елиминација на „Ст. Мери“ (Видео)

Објавено

на

Манчестер Сити скапо го плати катастрофалното прво полувреме кое го одигра на „Ст. Мери“, па во продолжение залудни беа и петте измени кои ги направи Пеп Гвардиола до 63-та минута.

Саутемптон поведе со 2:0 по 28 минути игра на домашен терен, па тоа што го стекна во првиот дел, знаеше како да го одбрани во вторите 45 минути.

Гвардиола реагираше во вториот дел и ги стави во игра Аке, Аканџи, Де Брујне, Халанд и Родри, но тоа не донесе промена во резултатот и „светците“ се пласираа во полуфиналето на Карабао Купот.

Клучни за тоа беа првите 30 минути од натпреварот, во кои најпрво Секу Мара погоди за 1:0, а потоа Џенепо изведе мајсторија за предност од 2:0 со лоб од 30 метри.

Овие два гола се покажаа како превисока предност и покрај тоа што преостнаа повеќе од 60 минути, во кои Сити притискаше, но не успеа да испрати ниту еден директен шут кон голот, исто како што беше случајот и во првиот половина час.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни