Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер рутински ги освои бодовите против Вардар

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер се враќаат со рутински остварена победа од гостувањето кај Вардар во СРЦ „Кале“ во Скопје и запишаа нови бодови во македонското кошаркарско првенство.

Вардар добро парираше во првото полувреме, но Пелистер ја направи клучната разлика во следните два периода, потврдувајќи го триумфот со резултат 74:86.

Маслинко реализирал 23, а Магдевски и Планиниќ по 20 во редовите на победничката екипа, додека кај Вардар, најефикасен бил Атанасов со 20 поени.

По 20 рунди, Пелистер има 14 победи, една помалку од МЗТ и Работнички, кои имаат и меч помалку.

Следен предизвик за битолчани е дуелот со Борац во АБА2 лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни