Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер преку нова „стотка“ до нова победа во шампионатот

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер дојдоа до четвртата победа на четвртиот натпревар во првата македонска лига.

Нова жртва на тимот предводен од Марјан Илиевски беше Црн Дрим Грин мобиле кој беше совладан на негов терен со 102-70. Ова беше четврти меч во низа на кој клубот од Битола ја мина бројката од 100 поени, најефикасен беше Кесар со 26 кошеви кој пак беше следен од Малешевиќ со 20 поени.

Во таборот на домаќините четворица играчи беа двоцифрени, од нив прво име беше Клусен со 16 поени.

Вториот закажан денешен меч меѓу Куманово и МЗТ Скопје беше одложен поради позитивен потврден случај на КОВИД-19 во таборот на кумановци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни