Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го доби Вардар и во „Јане Сандански“

Објавено

на

Ракометарите на Еурофарм Пелистер добија уште една битка со Вардар во подготвителниот период за новата натпреварувачка сезона.

Клубот од Битола пред неколку денови беше подобар од „црвено-црните“ во финалето на турнирот во Струга за да попладнево слави на пријалетскиот меч во СЦ „Јане Сандански“ со 26-21. Избраниците на Жељко Бабиќ водеа со 10-9 на полувремето, предност која ја зголемија во продолжението, односно преостанатите 30 минути.

Вардарци на овој дуел настапија без бековите Дисингер и Јотиќ, меѓутоа победите на „фармацевтите“ дефинитивно се доказ дека оваа сезона ќе биде супер интересна и возбудлива во нашиот ракомет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни