Поврзете се со нас

Италија

Панучи е незадоволен: Многу лесно се добива место во италијанската репрезентација

Објавено

на

Не е лесно да се биде италијански селектор и тоа многу добро го знае Роберто Манчини кој беше вистински херој кога со националниот тим го освои Европското првенство за да неколку месеци подоцна се претвори во негативец, добие многу критики откако екипата не обезбеди место на Светското првенство во Катар.

Манчини беше критикуван дека не им дава шанса на младите играчи, односно дека е потребна свежа крв, а пак сега кога тоа го прави во Лигата на нации одново има забелешка и тоа од легендарниот Кристијан Панучи.

Некогашниот член на Интер, Милан, Рома, Челси, Парма и Монако смета дека во денешно време многу брзо играчите добиваат повик во А тимот, поточно верува дека фудбалерите мора да направат многу повеќе за да бидат дел од националниот тим.

-Мислам дека премногу лесно се влегува во италијанската репрезентација. Стоењето таму, слушајќи ја националната химна е момент на огромна гордост, тоа мора да го заработите, -порача Кристијан за „Скај Спорт Италија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни