Поврзете се со нас

Македонија

„Пандевци“ ќе добијат нов тренер: Васоски поднесе оставка, клубот му ја прифати!

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Александар Васоски нема повеќе да го води тимот на Академија Пандев.

По денешниот убедлив пораз од Тиквеш од 4-1, Васоски веднаш си поднел оставка која клубот на крајот решил да ја прифати.

Ова за Васоски беше втор мандат на клупата на струмичани, период кој беше далеку потурбулентен од оној првиот од 2020 до 2022 година.

„Пандевци“ со 26 бода се на 9 место на табелата, до крајот на сезоната имаат мечеви со Брегалница на гости и Силекс на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни