Поврзете се со нас

Италија

Пандев ја врати Џенова во живот, неговиот тим спаси бод против Удинезе (Видео)

Објавено

на

Горан Пандев повторно имаше важен учинок во дресот на Џенова, откако како резервист успеа да ја подогри играта во офанзива на својот тим и постигна гол, со чија помош гостите извлекоа бод против Удинезе (2:2).

Тимот на Илија Несторовски доминираше во голем дел од средбата, нашиот репрезентативен напаѓач беше и стартер за „црно-белите“, а Удинезе поведе преку Фофана пред крајот на полувремето.

Кога во 75. минута Лазања зголеми на 2:0 се чинеше дека Џенова ќе се врати од Удине со празни раце, но тогаш на сцена стапи Пандев кој со еден индивидуален потег успеа да го совлада Мусо.

Во последната минута од судиското продолжение, Бираски изнуди пенал за Џенова, а иако Мусо го одбрани ударот на Пинамонти, младиот напаѓач ја собра одбиената топка и успеа да израмни на 2:2.

Бодот ја одалечи Џенова два бода од Лече, кој е последен тим во тројката која испаѓа, додека Удинезе има солидни пет бодови повеќе од тимот на нашиот Пандев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни