Поврзете се со нас

Италија

Пандев дебитираше за Парма со реми на незгодно гостување

Објавено

на

Горан Пандев денеска дебитираше во својот нов клуб Парма и тоа со реми без голови на незгодното гостување кај Беневенто, екипа со сериозни амбиции за враќање во Серија А.

Македонскиот интернационалец го одигра цело второ полувреме, успеа малку да го раздвижи офанзивниот дел на екипата, но Парма не постигна гол исто како и противникот, иако и двете екипи имаа по еден поништен гол поради офсајд во првиот дел.

Пандев имаше еден сериозен обид и тоа во судиското надополнување, но неговиот удар од петнаесетина метри заврши над голот на Беневенто.

Со денешното реми, Беневенто остана на четвртото место, додека Парма падна на тринаесеттата позиција, со шеснаесет бода помалку од лидерот Лече.

Пандев со денешниот прв настап во Серија Б ја надополни својата италијанска авантура со седмиот клуб од „чизмата“ чиј дрес го носел во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни