Поврзете се со нас

Македонија

Панчев и Најдоски: Нашете име беше искористено во Вардар, ќе беше друга песна ако ние го имавме Александар Вучиќ!

Објавено

на

Вардар и официјално е нов македонски второлигаш што дефинитивно е сценарио кое никој не го замислуваше пред неколку години кога клубот успеа да стигне и до групната фаза на Лигата на Европа.

Меѓутоа од година во година, од сезона во сезона работите се менуваат и сега „црвено-црните“ ги минуваат најтешките денови во својата историја. Се бараат виновници, прстот се вперува на повеќе страни, но никој нема конкретно решение за нашиот најтрофеен фудбалски колектив од кои биле дел многу имиња, а меѓу нив и Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Панчев и Најдоски имаа една епизода која донесе многу критики на нивна адреса, но тие сметаат дека биле искористени само да ја преземат вината за неуспесите кои следуваа.

-Кога се пласиравме во ЛE им реков на луѓето од клубот, па и на газдата, дека немаме тим кој може да биде конкурентеn. Едноставно го немаме и дека сме слаби. Добивме пет милиони евра од УЕФА и со тие пари можеше да се проектира буџет за следни три сезони. Тоа е голема сума за македонски услови.

-Меѓутоа не препознав желба вистински да се работи на засилување на тимот. Бев во право, Реал Сосиедад ни даде шест гола, Зенит – пет, само резмизиравме со Розенборг. Навистина сакав да направиме сериозен тим за балкански рамки. Сега кога веќе се помина ќе ви откријам дека имавме договорено одличен напаѓач, беше најдобар во втората турска лига. Јас барем можам да препознаам напаѓач. Сакаше да дојде за помалку од 200.000 евра. Блиску беше и еден Израелец, ама тоа го одбиваа. Му се јавив и на Терзиќ да ми го даде Павков на позајмица. Тоа не успеа.

-Знам колку енергија дадов, ама они го искористија моето име. Моето и на Најдоски. Потоа направија приказна за навивачите дека јас сум крив. Кога го видов тоа си заминав, голема штета, -вели Панчев за „Моцарспорт“.

Некогашниот напаѓач на Вардар и Црвена Звезда смета дека ситуацијата во Македонија ќе била поинаква ако сме го имале претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

-Видете, ќе се пееше друга песна ако ние го имавме Александар Вучиќ. Претседателот на Србија исклучително многу го сака спортот, но многу е важно тоа што тој го препозна фактот дека спортските успеси за секоја држава се најефтин и најдобар вид на промоција. Ја следам ситуацијата во Србија, гледам колку Вучиќ и државата им помагат на најголемите српски брендови Звезда и Партизан во фудбал и кошарка и нема сомнение дека тоа е исправно. Се прават добри играч, кои потоа заработуваат големи пари во странство, ја презентираат Србија на најдобар можен начин, а потоа тие пари најчесто ги трошат во својата земја. Математиката е едноставна, -објаснува популарниот Кобра.

Во однос на темата Вардар свој збор имаше и Најдоски.

-Кога Панчев ме повика во Вардар да му помогнам во спортскиот сектор, знаев што ќе се случи. Знаев, ама не можев да го одбијам. Ние служевме како еден вид покритие за клубот да не биде виновен, сопствениот да не биде виновен. Во клубот донесовме големи пари со пласманот во Лигата на Европа, но нив подраг им беше ракометот, -порача Најдоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни