Поврзете се со нас

Евролига

Панатинаикос ја надигра Басконија, Валенсија врза три победи во низа (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Панатинаикос и Валенсија издвојуваа победи над Басконија и Монако во последните две средби од 7.коло во Евролигата.

Грчкиот претставник беше подобар од Басконија со 98-83 за второ славје во актуелнава кампања. Гостите водеа со пет разлика по првото полувреме, но во вторите 20 минути домаќините беа далеку подобри, покажаа многу повеќе, уфрлија дури 60 поени што беше повее од доволно за остварување на добар резултат.

Шест играчи беа двоцифрени, во прв план беа Бејкон и Вилијамс со по 16 поени. Кај гостите Хауард уфрли 20 кошеви.

Валенсија влезе во ритам и дојде до третото слајве во серија и тоа против Монако со 89-84. Своја вечер имаше Џонс кој експлодираше со 26 кошеви, најголема поддршка му беше Харпер со 16 поени.

Лојд за гостите даде 24 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни