Англија
Освојувач на Премиер лигата со Лестер ќе се проба во октагонот во ММА борба
Медиумите во Англија пренесуваат доста интересна сторија поврзана со поранешниот фудбалер на Лестер и освојувач на Премиер лигата, Марсин Василевски.
Имено, стоперот кој беше дел од шампионскиот тим предводен од Клаудио Раниери неодамна стави крај на фудбалската кариера, но како што се најавува од неговата родна Полска тој би можел да се врати на спортот.
Имено, 40 годишниот Василевски планира да се испроба во ММА спортот кој во последно време зема се поголем замав во спортската јавност.
Дека поранешниот играч на „лисиците“ може да се најде во октагоните потврди полскиот промотор на боречките спортови, Матеуш Борек кој истакна дека Василевски би можел да ги следи стапките на поранешниот играч на Болтон, Блажеј Аугустин кој исто така влезе во октагоните и започна боречка кариера.
– Знам дека спортската кариера на Марсин не е готова. Мислам дека еден од организаторите на ММА натпреварите ќе го убеди да влезе во октагонот. Знам дека тоа беше сон за Марсин. Луѓето велат дека би можеле да имаат одлична борба со Блажеј Аугустин, -изјави Борек во интервју за „Сан“.
-
Англијапред 14 часа
Де Брујне го постигна првиот гол со глава, Сити убедлив на „Амекс“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти ја искоментира конечната одлука на Чави и откри дека Куртоа направил чудо изминативе две недели
-
Шпанијапред 22 часа
Чави детално објасни зошто ја променил одлуката: Не станува збор ниту за его, ниту за пари!
-
Италијапред 21 час
Картоните направија проблем: Јувентус и Атланта ќе играат без еден клучен играч во финалето на Купот
-
Светпред 18 часа
Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата: Ова е голема чест за мене…(ВИДЕО)
-
Италијапред 20 часа
Бокшиќ со трансфер предлог до „старата дама“: Јувентус треба да го доведе играчот кој е бакнат од Бог
-
Англијапред 15 часа
Слот за можноста да седне на клупата на Ливерпул: Мојата одлука е јасна…
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола за иднината на Кансело: За тоа ќе разговараме…