Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Осминафиналната пресметка на „Енфилд“ одговорна за 41 жртва на коронавирусот

Објавено

на

Анализата на британската национална здравствена служба покажала дека натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид придонела за загуба на дополнителни 41 човечки живот од вирусот КОВИД-19.

На „Енфилд“ беа присутни 52.000 гледачи, меѓу кои и 3.000 фанови на Атлетико кои на крајот се радуваа на пласманот во четвртфиналето, но истовремено влијаеле на ширењето на коронавирусот на британска територија.

Во тие моменти, вирусот беше многу пораширен во Шпанија која стануваше второ најголемо жариште во Европа, а иако е тешко да пресмета колку луѓе починале поради поврзаност со натпреварот,  во анализата биле земени предвид епидемиолошките истражувања и кластери поврзани со фанови кои го следеле дуелот на „Енфилд“.

Веднаш по средбата од двете страни стигнаа коментари дека присуството на гостински навивачи била голема грешка, посебно ако се знае дека истата вечер ПСЖ и Борусија играа без публика.

Дел од одговорноста беше префрлена и на УЕФА која дозволи гостински навивачи, а кратко потоа го суспендираше натпреварувањето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни