Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

О’Саливен со генијално „бегство“ го најави фуриозниот пресврт против Динг (Видео)

Објавено

на

Рони О’Саливен обезбеди место во полуфиналето на Отвореното првенство на Северна Ирска во снукер, а во четвртфиналната рунда уште еднаш покажа дека може да „експлодира“ и да го разоружа противникот.

Англиската ѕвезда на снукерот вечерва за противник го имаше кинескиот ривал Динг Џунгхуи, а почетокот најавуваше дека О’Саливен може и да го заврши настапот уште во оваа рунда.

Динг поведе со 2:0, но тоа како да ја разбуди „ракетата“, па О’Саливен ги доби следните пет фрејмови и го комплетираше мечот со конечни 5:2, па во полуфиналето ќе игра против Али Картер.

Покрај фуриозната серија, Рони се истакна и со едно „бегство“ од снукер позиција уште во првиот фрејм, успевајќи преку четири контакти со мантинелата да одигра генијален потег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни