Поврзете се со нас

НБА

Оклахома најде решение и за Бостон, Ембид се врати со трипл-дабл

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/okcthunder

Бостон Селтикс е уште еден квалитетен тим кој стана жртва на Шеј Гилџус-Александер и неговите соиграчи од Оклахома Сити, екипа која утринава го сопре и составот со најдобар ефект во актуелната НБА сезона.

Фановите со нетрпение го очекуваа соочувањето на екипите со одлични серии изминатиот период, а Оклахома Сити на крајот победи со 127:123, со што стигна до осмата победа на последните девет натпревари во шампионатот.

Канадскиот репрезентативец бил најдобар реализатор на теренот со 36 поени, а солидна поддршка добил и од Гиди со 23 поени.

На спротивната страна, Порзингис завршил со 34, а Тејтум со 30 поени, но Бостон не успеа да избегне пораз на ова незгодно гостување.

Џоел Ембид се истакна со својот учинок во победата на Филаделфија над Чикаго, завршувајќи го дуелот со трипл-дабл во кој се вклучени 31 поен, 15 скокови и 10 асистенции, додека Стеф Кари рутински уфрли 36 поени за триумф на Голден Стејт над Орландо.

Филаделфија – Чикаго 110:97
Мемфис – Сан Антонио 106:98
Њу Орлеанс – Бруклин 112:85
Оклахома – Бостон 127:123
Голден Стејт – Орландо 121:115
Сакраменто – Шарлот 104:111

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни